Сашо Мијалков е приморан да лета со обични комерцијални летови затоа што не смее да лета со неговиот приватен авион Z3 DAG (Piper Seneca). Овој приватен авион 24/7 е следен од НАТО сателитите и нон стоп е под надзор од центарот Г4 во Таранто, Италија. Инаку, Z3 DAG (Piper Seneca), според документацијата е во сопственост на Емил Стојменов (ТВ КАНАЛ 5), Жарко Луковски (директор во ТЕЛЕКОМ) и Илија Малинковски (МИКЕИ и КАМНИК). Летаат под име ,,БИЗНИС ЕР,,. Оваа ТРОЈКА е организирана од Мијалков, бидејќи според негова проценка му се лојални. Во нивната шема, освен перење пари украдени од буџетот, преку ТВ реклами на ,,КАНАЛ 5,,, имаат и шема за перење пари преку купување скапоцени вина од винаријата КАМНИК. Дел од парите што нелегално ги ,,вртат,, и исцицуваат од ТЕЛЕКОМ преку Луковски ги легализираат преку винаријата Камник. Луковски за репрезентативни потреби на ТЕЛЕКОМ, набавува вино, ама цената за една ботилка е 200 евра/комад кога плаќа ТЕЛЕКОМ. Шема плус е набавката на мобилни телефони за ТЕЛЕКОМ од страна на директорот Жарко Луковски, кој пак телефоните ги набавува по ,,фризирани цени,, преку увозни фирми на кои сопственик е бизнисменот Жарко Луковски.
Авионот Z3 DAG (Piper Seneca), од страна на оваа тричлена ,,тајфа,, е купен по налог на Сашо Мијалков, да му служи кога патува итно по светот. Арно ама, откако авионот е ставен на ,,црна листа,, на НАТО, поради сомневање дека пренесуваат кокаин, Мијалков преминал на комерцијални летови. Еден од таквите, во Белград заврши со апсење поради пиштолот и хируршките ракавици најдени во неговиот багаж.
Од пред неколку месеци во косопственост на авионот (заедно со тричлената тајфа!) се придружува и содружник од Белград. Фирмата се вика NEW AGE INVESTMENT co DOO, BELGRADE. Приемот во содружништво и завршување на целата папирологија Мијалков, Луковски и Стојменов му го препуштиле на Илија Малинковски и тој си ја завршил работата така да овие немаат поим кого вклучил во ,,игра,,. Белградската NEW AGE, е само ќерка/фирма на мајката со исто име од Вирџинија, САД. Илија Малинковски си го послушал чичко му од Америка, YURI MONTGOMERY, алијас Јури Малинковски, па во Белград направил иста фирма со ист назив како онаа во САД. Малинковски пак веќе е на американска ,,црна листа,, поради шверц на тешки дроги, најчесто кокаин. Телото во САД кое става на ,,црна листа,, вакви персони се вика БИС и е дел од Стејт Департментот. Со спојувањето на фирмата ќерка од Белград и фирмата мајка од Вирџинија, сопствениците на приватниот авион веќе се под правна јурисдикција на САД. Како и сите оние кои имаат врска со нив. Сашо Мијалков е во тој ,,круг,,. Фактички, поради глупоста на Малинковски, сами се пријавиле за мониторинг.
На тој начин, тајфата од Скопје: Стојменов, Луковски и Илија Малинковски, во пакет со Сашо Мијалков (често летал со авиончето!) веднаш автоматски влетала во ,,мониторинг,, од БИС и следење од НАТО. Белградската ,,револверашка,, епопеја на Мијалков е директна последица на непромислениот потег на Илија Малинковски, оти на оние што следат им станало сомнително патувањето на Мијалков кон Загреб преку Белград, без авиончето, а го избегнува директниот утрински лет за Загреб од Скопје. Па во Белград на аеродром бил ,,истресен од гаќи,,. Воедно, оние што следат детектирале прецизно кој се ургирал од Скопје за слобода на Мијалков. Затоа негов притвор и не бил прироритет.
Во меѓувреме, откако почнал мониторингот на авионот и на патувањата на ,,тајфата,, на терен биле пуштени и оперативци кои брзо дошле до сознанија дека во кругот на МИКЕИ во Скопје, покрај познатиот јавен ресторан пристапен за сите, постои и посебен во кој пристап имаат само ВИП персони. Во тој ресторан една од понудите е висококвалитетен кокаин за шмркање. Оперативците ги интересира од каде доаѓа тој кокаин во тој ресторан, според која рута.
Една цела посебна тема за анализа е работењето на фирмата NEW AGE од Белград. Во своето краткотрајно постоење веќе има учество на српската берза и купување акции во вредност од околу 3.000.000 евра. Ако се тргне во анализа само на достапните документи, ќе се дојде многу високо во актуелната српска политика. И ќе се дојде до ,,ургентите,, од Србија кои пиштеле и вриштеле Сашо Мијалков да биде пуштен.
Дел од оваа екипа во Македонија, ама странично, е и сопственикот на шпедицијата ,,Страшо Дени Шпед,,. Преку оваа шпедиција под оваа власт оди комплетниот шверц на цигари и друга акцизна стока. Шпедицијата е копија на некогашната шпедиција на Драган Даравелски ,,КОМТЕХ,,, па затоа сопственикот на ,,Страшо Дени Шпед,, го викаат Даравелски место Даравелски. Шпедицијата се наоѓа на влез во Скопје, спроти хотел ,,Белви,,. Сопственикот порано бил автомеханичар, преку ноќ станал сопственик на шпедиција и бензинска пумпа. Во близина на Општина Ранковци добил и 80 хектари најплодна земја под концесија, па сега таму е сосед со концесионерот Орце Камчев...
ЗАВРШНА НАПОМЕНА: Регистарот на регистрирани авиони на територија на РМ е јавен и поставен на веб страница. Пред неколку дена беше пристапен и се читаше бројот на регистрацијата на авинот и име на NEW AGE INVESTMENT BELGRADE. Денес кога настанува овој текст не само што линкот до регистрацијата на авионот е НДОСТАПЕН туку намерно е срушена целата веб страна:
http://www.caa.gov.mk/Upload/Document/M ... .2015i.pdf" onclick="window.open(this.href);return false;
Мијалков, Малинковски, Стојменов и Луковски ,,намирисале,, текст во Буревесник. Блокирале и мој ФБ пристап до ФБ страницата на БИЗНИС АИР, па мораше мој пријател да влегува од негов ФБ профил за да ги сними фотографиите кои ги имате со овој текст. Не се сетиле дека на ФБ има уште неколку милијарди ФБ профили преку кои може да се пристапи. А заборавиле и страницата да ја деактивираат...
http://burevesnik.org/index.php/ekskluz ... o-avionche" onclick="window.open(this.href);return false;








