Недостиг на падобрани?
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
Недостиг на падобрани?
Цело време по аеродромиве се збори дека немало падобрани. Исто така и во војската. Колку вкупно падобрани има во Македонија кои се исправни за скокање и во чија сопственост се?
Премногу анализа доведува до парализа!!!
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
[url]http://www.avijacija.com.mk[/url]
- Mit-R
- Падобранец
- Posts: 68
- Joined: 03 Sep 2006, 12:48
- Contact:
Падобрани на број има доволно за бројот на падобранците кои активно скокаат, меѓутоа она што фали се автоматите кои се задолжителни.
Дел од падобраните се застарени и не може да се вградат овие модерни автомати.
Покрај тоа има недостиг на модерни школски падобрани, АК Куманово има два со кои изведува обука, меѓутоа тоа е мал број за да се наполни авион како АН-2, а немаме на располагање мал авион за таа намена.
Армијата користи десантни ПД-08, и мислам дека имаат доволен број за обука но не и за други нивни потреби.
Падобраните се во сопственост на клубовите и последна набавка на нови се случи 2000-та кога се набавија 2 школски PD Navigator. Останатите се постари од 99-та, па има дури и некои 15-тина години кои уште се користат.
Дел од падобраните се застарени и не може да се вградат овие модерни автомати.
Покрај тоа има недостиг на модерни школски падобрани, АК Куманово има два со кои изведува обука, меѓутоа тоа е мал број за да се наполни авион како АН-2, а немаме на располагање мал авион за таа намена.
Армијата користи десантни ПД-08, и мислам дека имаат доволен број за обука но не и за други нивни потреби.
Падобраните се во сопственост на клубовите и последна набавка на нови се случи 2000-та кога се набавија 2 школски PD Navigator. Останатите се постари од 99-та, па има дури и некои 15-тина години кои уште се користат.
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
- Mit-R
- Падобранец
- Posts: 68
- Joined: 03 Sep 2006, 12:48
- Contact:
Автоматите кои ние ги користиме се од тип Виџил, и служи буквално за спасување на живот. Имено, секој падобранец кој скока на слободно дејство самостојно го отвора својот падобран. Ако од било која причина не го отвори до одредена висина, автоматот окинува и го отвора резервниот падобран.
Условите под кои автоматот се активира се различни според обученост на падобранецот: Student, Pro и Tandem, и зависат од висината и брзината на пропаѓање, пример 250 метри и 35 метри/сек.
Долго време падобранците во Македонија не користеле вакви автомати (освен тип ASP ili KAP кои се користеле во основната обука меѓутоа за отворање на главниот падобран на поголема висина), од една банална причина, премногу скапи.
По трагичниот инцидент во Прилеп, кога загина падобранец на АРМ, воздухопловната федерација им додели на клубовите одреден број на овие автомати и при скокањето во државата се задолжителни.
Инаку, цената е грубо кажана околу 1000 еур, што доведува до цена комплетна nova опрема од околу 3500-4500 еур (примeр 4700 долари е комплет Parafoil 282+Centaurus+Eage 260 + 1300 долари за автомат - www.para-gear.com па дури и повеќе).
Условите под кои автоматот се активира се различни според обученост на падобранецот: Student, Pro и Tandem, и зависат од висината и брзината на пропаѓање, пример 250 метри и 35 метри/сек.
Долго време падобранците во Македонија не користеле вакви автомати (освен тип ASP ili KAP кои се користеле во основната обука меѓутоа за отворање на главниот падобран на поголема висина), од една банална причина, премногу скапи.
По трагичниот инцидент во Прилеп, кога загина падобранец на АРМ, воздухопловната федерација им додели на клубовите одреден број на овие автомати и при скокањето во државата се задолжителни.
Инаку, цената е грубо кажана околу 1000 еур, што доведува до цена комплетна nova опрема од околу 3500-4500 еур (примeр 4700 долари е комплет Parafoil 282+Centaurus+Eage 260 + 1300 долари за автомат - www.para-gear.com па дури и повеќе).
- avijacijamk
- Капетан на А380
- Posts: 2476
- Joined: 18 Jul 2006, 13:23
- Location: Skopje, Republic of Macedonia
- Contact:
Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest