не видов дали има ваква тема...ако има нека ја бришат оваа
Авионски сообраќај
Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба “Аеродром”. Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 год. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници. [1]
12.14. Аеродромската зграда на аеродромот “Скопје”, МГС
Во 1929 год. била воспоставена авионска линија Солун- Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч. наутро, па патниците кои од Солун доаѓале во 5,45ч. можеле да продолжат за Белград. Во Белград на патниците им бил овозможен престој од 6 часа. До аеродромот “Скопје” сообраќало посебно возило кое тргнувало од пред кафеаната “Маргер” во 6,15 наутро. Билетот за превоз од аеродромот бил бесплатен, бидејќи тој бил пресметан во авионскиот билет. Билетот се купувала во Француско-српската банка или во агенцијата на аеродромот. За релацијата Скопје-Белград билетот чинел 450 динари, а повратниот кој важел 3 дена, 800 динари. Повластен билет можеле да користат државните чиновници, резервните офицери и офицерите. [2] Секој патник можел да понесе 15 кг багаж бесплатно. Во прво време, најголем број од патниците биле мажи.
На редовната линија Скопје-Белград сообраќало друштвото за авио-сообраќај “Аеропут”. Неговите пилоти биле многу вешти на што укажува и фактот дека немало авионски несреќи. Тоа биле пилотите Стрижевски, Јарошенк, инженер-конструктор Станисавлевиќ и др. [3]
Во 1930 год. била воспоставена линијата Скопје-Солун. Поради добрите резултати во 1934 год. од 1 мај 1935 год. се вовела секојдневна врска на оваа релација. Цената на билетот за оваа линија изнесувала 250 дин. [4]
Аеродромот во Скопје имал своја слава “Св. Илија” која ја прославувале секоја година на 2 август. На прославите присуствувале војската, цивилната власт и голем број граѓани. Во црковниот обред чинодејствувале свештеници од сите главни вери. [5]
12. 15. Авион на спортскиот аеродром, МГС
12.16. Покана од аеродромот “Скопје” до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија 1938 год.
Авионите биле од француско производство од типот Потез, кои поради ограничениот простор примале мал број патници и багаж.
Во 1931 година била пуштена линијата Скопје- Подгорица. [6]
Со цел да се привлече поголемо внимание и интерес кај населението за военото и цивилното воздухопловство, во Скопје бил формиран аероклуб “Наши крила”. Обласниот одбор на Аероклубот организирал аероденови на кои имало приредби и популарни предавања. Аероклубот имал 5000 членови, на чело со генерал Антониевиќ. На 9.05.1933 год. бил набавен авионот “Скопје”, а истата година, со средства собрани од предавањата и аеромитинзите, бил купен нов авион “Косово”. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. [7]
Како куриозитет старите Скопјани го паметат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени- пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 год. при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.
Во 1937 год. во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград. Авионот на “Аеропут” сообраќал секој ден, освен во недела. [8]
Од сето ова може да се изведе заклучок дека сообраќајот во Скопје меѓу двете светски војни достигнал револуционерен напредок, не толку во квантитет колку во застапеност на сите видови превозни средства.
Авијацијата Во Македонија
-
- Капетан на Bell 412
- Posts: 9690
- Joined: 26 Oct 2007, 21:16
- Contact:
- Falcon
- Капетан на B747
- Posts: 826
- Joined: 06 Mar 2008, 19:59
- Location: Macedonia
- Contact:
Re: Авијацијата Во Македонија
Имаше слики што беа објавени со приказнава?
- alvarhanso
- Тест пилот
- Posts: 33502
- Joined: 21 Jul 2007, 13:34
- Location: Skopje
- Contact:
Re: Авијацијата Во Македонија
Кога полетал првиот авион од Скопје
Скопскиот аеродром е прогласен за најдобар во Европа за 2012 година. Тоа ми даде идеја да се навратам на интересната тема - кога од Скопје полетал првиот авион? Скопје ја имал честа да биде меѓу првите градови кај нас од почетокот на 20 век од каде што полетувале првите авиони од военото и цивилното воздухопловство. За тоа постојат податоци, кои се малку познати. Имено, на 27 ноември 1912 година се случило вистинско чудо.
Од тогашниот Скопски аеродром полетал првиот, и тогаш единствен воен авион од марката "дукс", произведен во Москва. Приказната околу тоа прво полетување е многу куриозитетна. Авионот, спакуван во делови, бил донесен од Русија, најпрвин во Белград, а потоа во Скопје. По многуте перипетии, првиот лет го направиле двајца домашни пилоти, обучени во Франција. Летот бил само над Скопскиот аеродром. На првиот лет присуствувале многу скопјани, меѓу кои и претседателот на Општината Спиро Хаџи Ристиќ, кој одржал пригоден говор. Утредента, на 28 ноември, рускиот пилот Агафонов направил вистинска сензација. Тој го надлетал цело Скопје, на височина од 1200 метри, предизвикувајќи вистинска бура од одушевување кај граѓаните.
Скопје многу брзо се вклучува и во авионскиот патнички сообраќај, кој во светот поинтензивно започнува да се развива кон средината на '20-тите години од минатиот век. Пред да полета првиот патнички авион од Скопје, на иницијатива на аероклубот "Наши крила", се отвора првата домашна авиокомпанија "Аеропат". Тоа се случило во истата 1927 година кога Чарлс Линдберг го прелетал океанот. Таа компанија ги купила првите патнички авиони од марката "потез 29", и била отворена воздушна линија Белград - Загреб. Наскоро, а тоа за Скопје претставувало исклучителен настан, профункционирала и линијата Скопје -Белград. Тогаш од Скопје полетал и првиот патнички авион, на 27 мај 1928 година.
Се обидов да ги истражам сите тогашни записи и објави во печатот, во кои се открива вистинско богатство од факти сврзани со патничкиот воздушен сообраќај кај нас, посебно со првиот лет. Цело Скопје било на нозе по повод тој свечен чин. Се организирал специјален превоз за граѓаните до Аеродромот. Во присуство на високи политички, но и свештени лица, се извршило крштавање или осветување на патничкиот аероплан од типот "потез 29". Како и аеродромската зграда, и тој бил наречен "Скопје". Еве што пишува во главниот запис: "Нашето прво друштво за воздушен сообраќај, со отворањето на оваа нова линија, која на најбрз можен начин ќе ги спои Скопје и Белград, направи акт од исклучителна важност. Летањето од Скопје до Белград за само 2 часа не е веќе бајка туку реалност, во која секој може да се увери. Воздушниот сообраќај ќе се одвива редовно, а станицата ќе биде на овдешниот воен аеродром. За свеченото одбележување на оваа историска епоха ќе се изврши свечено крштавање на аеропланот во месноста Јурија. Пристапот на свеченоста е дозволен за секој граѓанин. Посебно за младината. По свечениот чин на крштавањето, патничкиот авион ќе изведе 6 летови над Скопје. Во авионот можат да се сместат 5 патници. Патниците првпат ќе видат еден луксузен патнички авион". Ова било пробно и свечено полетување, додека, официјално, првиот авион слетал и полетал од аеродромот на 15 јуни 1928 година. Некогашната Јурија била дел од денешната населба Аеродром. Специјално возило за до аеродромот, ги земало патниците од пред кафеаната "Маргер" на Плоштадот.
Ех, да се патува со авион, какво задоволство и какво доживување. Во еден запис од тоа време, духовито се вели: "Да појадуваш во Солун, да ручаш во Загреб, да вечераш во Париз, и истата вечер да присуствуваш на претстава на Париската опера". Аеродромот во Скопје наскоро станал и меѓународен. Во 1930 година, британското Кралство воздухопловство воспоставило врска меѓу Лондон и Индија. Слетувањето во Скопје било задолжително. Еве што се вели за тоа: "Од 13 април 1930 година, друштвото за воздушен сообраќај 'Кралската авијација' ќе започне авионска служба меѓу Лондон и Индија. Авионите ќе слетуваат во Скопје и во двата правца. Целиот пат од Лондон до Њу Делхи ќе трае 7 дена". И повторно еден куриозитет поврзан со Скопје. Патниците за Индија, слетувале во Скопје, а потоа со воз биле префрлувани до Солун. Оттука, со хидроплан до Египет, и понатаму до Индија. Може само да се замисли каква била егзотиката на ова патување. Градските власти во Скопје тогаш преземале генерално чистење и дотерување на градот за странските гости и патници. Посебно бил реновиран патот кој водел до аеродромот. За сето ова, и за нашите патници што патувале во странство, се грижел господинот Сизар Хокинс. Ете, такви биле почетоците на воздушниот сообраќај. Во една белешка, духовито се вели: "Патувајќи со авион, граѓаните ќе стават крај на забелешките кои постојано ги упатуваат до Општината поради лошата скопска калдрма. Едноставно, не постои небесна калдрма, па летањето, барем привремено, ќе нè спаси од комуналните проблеми".
пишува Данило Коцевски
http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... F599477F48" onclick="window.open(this.href);return false;

Who is online
Users browsing this forum: No registered users and 4 guests