Клуб за пластично макетарство-мала анкета

За љубителите со дебели нерви и креативност во обликувањето на овие прекрасни модели.
For the creative fans with patience who build these magnificent models.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

ајде тогаш недела 6 саат у бариста?ја мислам дека сите можеме да одвоиме сат два за лаф муабет(блумакс ти го носам УСБ то со материјали)
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@ firefox Брат не само што сум во тек со кирии и дуќани него иам отворено 2 дуќани до сега и сега се интересирам за 3 кој ќе го барам преку СИС.. Државен дуќан имаат 2ца мои пријатели и ја знам точната кирија на дуќан од 30м2 со галерија 15м2 = 75Еур. Значи, се представив убаво и кажав се по ред за себе, не за да бидам окарактеризиран како несериозен, него напротив како упатен и елоквентен. Твоите аргументи за здружение на граѓани се несериозни особено кога правиш паралела дека Здружение на граѓани под дифолт е перачница на пари- ова е смешно :D Бидејќи 99% од Клубовите се Здруженија на граѓани во спротивно не би биле клубови, самиот збор ти кажува...
Слободно провери на пазар3 има дуќани 99 за 100Еур.-приватни...Не знам со што се занимаваш но јас ги увезував Ревел 4 години, ги имам набавните фабрички цени за Аирфикс, Звезда идр значи земи како земеш моите калулации се поточни од твоите- говорам во бизнис сегментот. Ти посочив дека мојата сугестија е најлесниот и најбрзиот и најефтинот пат до Клуб што не значи дека е и најдобриот. :vojnik_wink:
Поздрав
Гого
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

Гого набавни цени преку дистрибутер за овој дел на европа или директно од фабрика?Пошто директно од фабрика неможеш да купиш и мора да идеш преку генерални застапници за некој регион а тоа и не се баш ниски цени коа ќе се земе у предвид колкава количина е предвидена за минимална набавка за да тие исти макети и потрошни материјали имаат нормална и приступачна цена а не ко што до сега сме виделе по продавнициве кај нас цени кои се нереални(па вкључувајќи ги и тие што твојата фирма ги нудеше) кои се ван било каков здрав разум и памет од 200-300% поголеми него што би можел да ги набавам преку нет или луѓе од странство вкључувајќи ја и поштарината.Незнам кај си глеал и што си глеал али дел од нас сме скоро цел живот у хобиво и многу добро знаеме како стојат ствари и што од кај се набавува пошто и сами ние го правиме тоа бар еднаш неделно.

П.с. да додадам не е работата само да се основа клуб и да замре за година две.Работата е квалитетно да се одработи тоа све со цел да се популаризира хобиво и да не изумре заедно со нас кои се броиме на прсти.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@ firefox И уште една работа...Направете јасна разлика меѓу клуб и бинзнис...Бизнис=подружница на фирма со сопственк/ци; Клуб= Здруќение на граѓани управувано од одбор(оснивачи) кој бира претседател...И да не се повторувам се ти е објаснето во моите постови.. Несмеам на форумов да ти зборам за цени и чуда пошто сепак тоа е моја деловна тајна. Грубо ќе ти кажам дека со 5000Еур мжеш да направиш супер "клубче" кое ќе се снабдува од регионални добавувачи на моделарсо-макетарски брендови...нема да бидеш најефтин ама 200Еур месечно ќе вадиш :)
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@Драган го сватил муабетот и во целост се согласувам.
@firefox Со последниот муабет јасно се гледа дека анкетава е насочена кон тоа да се опипа пулсот на луѓево на форумов и пошироко за отварање на една продавница(бизнис) преку која ќе има и опции за држење курсеви исл. Епа бидејќи е таква работата чланарина, финансирање кирии преку форумов и сличните предлози пропаѓаат во вода од проста причина што скоро секој би поддржал Граѓанска иницијатива-Здружение клуб, а НИКОЈ не би финансирал туѓ бизнис.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

Гого тешко дека Фајер фокс сака да праи пари од ова.Заедно сме двајцата у ова заедно со уште еден истакнат макетар кој не е член на форумов.Без пари не се праи клуб.СО добра воља немоеш да напраиш ништо поише од нешто што нема да се одржи низ годиниве.Наша цел е да се направи клуб кој ќе прерасне во озбилна организација која зад себе ќе остави некој траг а не само заборавен пост на некој форум.Дали тоа ќе биде преку подружница на фирма или како здружение на граѓани(кое не е изводливо и издржливо на подлог период) мене лично не ме интересира.Све што ме интересира е тоа да се промовира хобито и да се создадат нови генерации на макетари зад нас кога ќе не нема.Пошто е менталитетот на народов таков да ако се основа здружение на граѓани ќе настане џумбус според мене подружница на фирма со ГАЗДА е едино решење пошто тамо нема мутење нема мрсење муда и стварање стури на луѓе кои после ќе се отцепат и ќе создадат паралелни институции све со цел да се уништи и да се ќари нешто што на нив им смета.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by firefox »

gogiche wrote:@ firefox Брат не само што сум во тек со кирии и дуќани него иам отворено 2 дуќани до сега и сега се интересирам за 3 кој ќе го барам преку СИС.. Државен дуќан имаат 2ца мои пријатели и ја знам точната кирија на дуќан од 30м2 со галерија 15м2 = 75Еур. Значи, се представив убаво и кажав се по ред за себе, не за да бидам окарактеризиран како несериозен, него напротив како упатен и елоквентен. Твоите аргументи за здружение на граѓани се несериозни особено кога правиш паралела дека Здружение на граѓани под дифолт е перачница на пари- ова е смешно :D Бидејќи 99% од Клубовите се Здруженија на граѓани во спротивно не би биле клубови, самиот збор ти кажува...
Слободно провери на пазар3 има дуќани 99 за 100Еур.-приватни...Не знам со што се занимаваш но јас ги увезував Ревел 4 години, ги имам набавните фабрички цени за Аирфикс, Звезда идр значи земи како земеш моите калулации се поточни од твоите- говорам во бизнис сегментот. Ти посочив дека мојата сугестија е најлесниот и најбрзиот и најефтинот пат до Клуб што не значи дека е и најдобриот. :vojnik_wink:
Поздрав
Гого
Ок пред да напишам два-три реда да те потсетам или информирам доколку не си погледнал дека ти пратив персонална порака уште првиот ден кога пиша тука но сеуште не сум добил одговорил. Немора ако сметаш дека не треба да ми пишеш.
Е сега земајќи предвид дека позади себе имаш фирма, не гледам што ја криеш, слободно пиши која е, верувам дека на тој начин ем ќе се промовираш себеси, ем од неколкуте тука добро упатени во оваа област ќе можеш да добиеш бесплатни сугестии и совети, никој од нас нема да се штеди.
Во однос на твоето упорно тврдење дека здружение е најдобра иницијатива, еве уште еднаш ќе се повторам од мене добиваш дупла членарина односно еден месец однапред и како знак на добра воља дека немам ништо против тоа, ти го давам гратис статутот што 2005 година заедно со (бог да го прости) покојниот Коља Асенов од Народна техника го составивме токму со таа намера. Значи ако се решиш, а ние сите ќе те поддржиме најверојатно ќе треба малку да го доработиш сходно новите законски акти и делај. Значи утре ако дојдеш го добиваш гратис, немам што да го чувам, направени беа какулации и согледувања - резултатот го објаснив погоре во постовите.
И како последно, мислам дека како што кажуваш дека само 4 години си во овој бизнис со играчки при што си ги донел Ревел, мислам дека е многу самобендисано и крајно нефер кон оние пред тебе што носеа макети и тоа во озбилни количини. Јас колку што сум упатен на пазаров во последно време фирма која донела Ревел макети е Дексико, ако си ти тоа, ок тоа е тоа, ама количините и цените братче ги видовме, можеби затоа ти донесуваш такви заклучоци. Ако пак си некоја нова фирма тогаш или количините биле занемарливи или си донел нешто ситно колку да го напипаш пулсот, ти се видело дека не бива и си застанал.
Тука ги набројуваш Ерфикс, Звезда и тн. Во Македонија не постои фирма која ќе донесе два бренда одеднаш освен ако тие не се во меѓусебна соработка, како Италери и Звезда; Ревел, а преку Ревел и Италери итн. И тоа е дискутирано со луѓето кои носеле макети многу години пред тебе, а воедно на страниците како онаа на Ревел се водеа како локални дистрибутери, тоа мислам дека и ти не би можел да го потцениш!
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@firefox ИЗВИНИ ептен што не сум ја видел поракава фокусиран бев на дискусијата на форумот, а уште учам како функционираат форуми бидејќи од неодамна станав член на неколку. ИСКРЕНО ИЗВИНИ.
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

Е сеа да оговорам на прашањата. Историјата на официјални дистрибутери за било кој бренд на пазаров особено макети модели исл е многу кратка( иако повеќето се декларирале како официјални увозници-НЕ БИЛЕ ЛАЖАТ поради бизнис стратегија) од проста причина што сме мал пазар-Што значи ова?- Сите компании вадат по неколку серии годишно најчесто 2,3 некогаш и повеќе...Во секој договор за официјален застапник првото нешто кое се дефинира е минимум ордер квантити (минимална нарачка). Точно овие минимални нарачки за жал за Македонија се толку големи што не можат да се продадат цела година. Ова е врзано со проблемот што за да бидеш во тек со она ново што го произведува компанијата (независно која Ревел,Италиери исл) треба да направиш минимум 3 минимални нарачки годишно. Сакам но искрено не смеам да кажам која е точната цифра на минимум ордер бидејќи тоа е индивидуално и е врзано со историјатот на фирмата која бара таков договор односно договор за застапништво. Ориентационно цифрите се повеќе илјади евра. Затоа кога ќе дојде нарачката во Македонија за да се постигне темпото што го диктираат компаниите обично застапниците оние во Македонија, дрмаат висока големопродажна цена а од тука доаѓа високата малопродажна цена која пак зависи многу од состојбата на пазарот во однос на трошоци(кирии, вработени, фирма итн...) Мислам дека Ви објаснив со ова зошто во Македонија цените на артиклите се прескапи како и како функционира ситемот на овој бизнис. Ако имате прашања слободно прашајте ќе ви одговорам.
Во однос на набавката според мене најпаметно е следното: Доколку се основа клуб истиот да се поврзе со клуб од странство (добар клуб од Америка, Австралија, Кина итн) и во соработка со него да прави нарачки на оние материјали кои се користат највеќе. Верувале или не, Бугарите имаат добри цени благодарение на тоа што се во ЕУ па така оние материјали кои се поспецифични, помалку се барани помалку се трошат исл можат лесно да се набават преку нив за добра цена. Можен проблем е тоа што треба да се отиде лиќно до Софија и на лице место да се преговара за големината на нарачката, цената и за идни потребштини. Втора опција е Србија. Таму исто како кај нас малце е поскапо но со Србите може човек да се договори исто така ако лично појде до Белград. И најпоследна варијанта- Словенија одлични цени но многу западњачки менталитет, тежок за договарање премногу принципиелност и точност што за жал не е наша карактеристика што од немање пари што од менталитет.

Поздрав до сите
Гоооогле
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

Гого последниов пост ти е ван сите текови правила трендови поврзани со хобиво у поселдни 20 години.Се гледа дека мора да учиш уште уште многу за да видиш како уствари стојат работиве околу хобиво.Несакам да те увредам али друже не си видел и не си имал прилика да видиш,искусиш и учествуваш во хобиво ни 0.0000001% како што некои од нас сме имале прилика.Такви ствари како збратименување со клубови поврзување ала скопје-клагенфурт и слично се чисти неизводливи глупости кои во пракса нема шанса да фунцкионираат.Контакти имаме и повеќе од доволно за да се донесе било што у земјава.НАЈГОЛЕМИОТ проблем е што кај нас нема критична маса и популација која би се бавела со ова.Затоа се прави клуб кој што без разлика на тоа дали е удружење на граѓани или дел од фирма има за цел да прво го прошири ова што ние го правиме па после може тек да се увезе било што на пазаров.Здружение на граѓани без сериозна инвестиција и спонзорство од позадина апсолутно НЕМОЖЕ да опстои на подолг рок макар и ја да го дадам цел прибор материјали и макети у штек што ги имам за доброто на клубот.Кај нас нема шанса да се добијат такви спонзорства без врски и без реален профит за тој што би ги дал парите во нашиот клуб.Како и да е за сат верме иаме састанак па тамо ќе ти бидат објаснети некои ствари подетаљно кои што со тек на време и сам ќе ги сфатиш пошто си реалтивно нов во хобиво(не ми се љути за ова али така е).
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

Резиме на Моите ставови од денешниот состанок:

Предлог 1. Како да се почне?

Да се најде адекватен простор (може да биде дуќан) за кој ние 6торицата присутни би плаќале
еднаков надомест за да се покријат основните трошоци (кирија и сметки)
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/ ... 260&Idx=18" onclick="window.open(this.href);return false;
Еве линк од простор во Капиштец не е голем но за почеток мислам дека ќе биде доволен.

Предлог 2. Како да се опреми?

Гого- Биро, компјутер, 2 витрини за модели со димензии 160/120/30 и 120/130/30
Мики- Стари за него неинтересни макети на кои потенцијалните членови би можеле
да вежбаат.
Дуци и Славчоо- Постери и друг материјал потребен за украсување на просторот
Останува да се договориме за дополнителната опрема односно кој би ја донирал
или како би ја набавиле специјално за тоа место бидејќи никој не сакаше да носи од дома
освен Мики.

За овие 2 предлози со ЗА се изјаснија 4ца од 6те присутни на состанокот- Јас, Мики, Дуци и Славчо
Против беја Маријан и Драган.

Предлог 3. Како да се популаризира местото?

Преку принтање на флаери кои ќе се делат по школи за кои Марјан се нафати да обезбеди пари
и истите да ги дистрибуира преку списанието Емитер.
Фејбук профил на клубот каде сите ќе бидеме активни членови и редовно ќе постираме теми
со кои би заинтересирале што повеќе луѓе.
Учество во утрински програми, прилози во весници и секаков вид на дополнителна подршка се
потребни за да се расчуе за местото.

Мој заклучок и став: Доколку се направи ова, би имало каде да се викаат потенцијални членови
би имало што да се покаже, би имало на што да се вежба и што да се види.
Би имало АКО сите присутни на состанокот безрезервно го поддржат отворањето на овој простор
најмногу со материјали и својата стручност за истото да профункционира.
Само со отворање на вакво место-кое нема да не кошта многу и со спроведување на директна
маркетинг стратегија односно делење на флаери директно на нашиот таргет (деца по школи)
може да се донесе вистински заклучок дали во Македонија има доволно интересенти за ова
хоби да се популаризира и да се направи вистински Клуб со сите потребни средства,опрема,материјали
и потребен број на членови за истиот непречено да функционира.

Поздрав
Гого
User avatar
firefox
Капетан на А380
Капетан на А380
Posts: 1335
Joined: 04 Aug 2006, 16:44
Location: Skopje
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by firefox »

Поздрав до сите што беа денес на состанокот, особено до Гого кого вечерва го запознав!
Гого го понуди своето видување, јас нема дополнително што да допишувам, затоа што мислам дека досега она што требаше да го кажам конкретно во поглед на моите видувања го кажав јасно и отворено пред сите овде на форумов, а денес на состанокот мислам дека се потрудив да го објаснам на најзаинтересираните, барем во Скопје, а особено на Гого. Колку реално Гого го свати моетото стојалиште неможам од едно видување да ценам оти би било премногу несериозно и наивно. Само ќе повторам една работа - добро е што имаш "многу" енергичен ентузијазам, но "многу" општо земено во која и да е средина, а особено во нашата е апсолутно нерелевантно, затоа што не постои традиција, изградени вредности итн, итн во поглед на областа што ја дискутиравме, кои би го поддржале и дополниле тој ентузијазам! Ентузијазамот најчесто го храни егото, а за нас и во нашата средина односно реалност работите баш не се така како што му изгледаат на нашето его. Тоа е така со мене, тоа е така со другите, верувај ти не си поразличен, само што можеби си поемотивен. За собирање и лав муабет ние шесторицата вечерва покажавме дека има интерес и можности. Токму онака како што се собравме вечерва најверојатно во првата следна прилика ќе го повториме под услов секој да е слободен, сето останато повлекува десетици пати поголем ангажман и се разбира пари. Сите ние имаме семејства (во случајов 50-50), сите фала богу сме вработени - работи кои не можеме да ги ставиме позади хобито и ентузијазмот, така ќе биде и со тебе кога ќе создадеш семејство и се она што си оди со тоа.
Затоа јас погоре како најиздржано го ставив клубот поддржан од фирма, затоа што тоа веќе ќе биде дел од работниот ангажман и дејноста на тој што ќе се нафати на тоа, а здружение и сл. работи се .... ќе се повторам.... наивни илузии доколку немаш интересна група односно критична маса која тоа сака за жал повторно и неизбежно финансиски да го поддржи. Убав пример стави погоре - 130Еура месечно - празен простор 19м квадратни или во превод по отприлика 22Еура секој од нас само за простор, каде се најосновните струја и вода? Мојот бербер има дуќан 16м квадратни во кој има само две берберски столчиња и дискрено Г колку да седнат 3-4-ца, без еркондишн летно време не се дише внатре со двајца муштерии, а камо ли со повеќе луѓе. Ти планираш таму да почнеш да фарбаш макета, да користиш неопходна хемија и сл. тогаш мора некој да биде со тебе не за друго него истиот ден да те носи на токсикологија оти труење не ти гине (макар носел маска) или едноставно тоа таму да не се прави. Недај боже да улета некој родител и да го донесе детето со визија која сам си ја створил во главата, после читањето на флаерот кој ти го спомнуваш. Првиот момент кога ќе го намириса разредувачот или алкохолот ќе си замине и веќе очи нема да му видиме. Види, врти го, сучи го не иде така..... има тука уште многу многу работи, не велам дека немаш искуство, ама уште многу работи има кои треба да ги искусиш во оваа област за да кажеш дека нешто е така како што сега го тврдиш. Затоа е толкав твојот ентузијазам, и пак најдругарски ќе се повторам - сето тоа е повеќе од одлично, ама.....
Last edited by firefox on 14 May 2012, 00:54, edited 1 time in total.
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@firefox Добро пријателе, јас и ти се објаснивме, сите муабети ги напраивме се согласивме за некои работи за некој не. Со последниов пост ти го кажа твојот став и убаво, за да може сите да го видат. Јас го резимирав состанокот во кратки црти без многу филозофирање и објективно како што беше. Би сакал сите да размислат и да го кажат своето мислење и да остават коментар. Што се однесува до тебе пак ќе ти речам навлагаш у детали а немаш ни почеток- Тоа би било вака- размислувам и купувам клима немам кај да ја монтирам- аналогно на твојот пример. Второ ние зборувавме ЗА ПОЧЕТОК, дај боже да се јават 3-4ца кои ќе се заинтересираат ќе бидат доволно ентузијасти ко мене, одма се селиме на поадекватно место. И клима имам да дадам! И уште не може да сватам ете јас се понудив да дадам што можам, Микс исто итн. Ти дискутираш само за проблеми...Па кажи еве ти што би напраил за да се направи работава ко што треба со што би помогнал,што би дал како би се организирал итн.Сепак темата на оваа дискусија е јасна Дал сте заинтересирани да се отвори Клуб- Ти кажуваш како да не се отвори Клуб...не разбирам со ни еден предлог не ја подкрепуваш идејата него спориш и укажуваш на проблеми дури спореше со Адвокатот по телефон кој ти објаснуваше по ред дека може многу лесно и секако да се земе простор што според мнозината на состанокот е прв чекор кон отворање на клуб.
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@firefox И стварно ме иритираш со тоа што кажуваш дека ништо не е така како што тврдам зашто ти го докажувам со факти прв факт е овој за просторот за кој имаш само еден лик а на пазар3 има уште 15, втор факт ти беше пак за во врска со просторот што ти го докажав и правно со Адвокат. Трет факт ќе биде валда ако ти го покажам договорот со Ревел од 2010/11 и мејловите со Италиери...и не знам више стварно што да направам, не за да ги побијам твоите тврдења за одредени работи во врска со клубот него да Ве подтикнам да се направи нешто на темата, не само да се дискутира за проблемите и потребштините што сите ги знаеме многу добро него да се почне од нешто притоа да се избегнат теми небитни за топикот Его,фамилија исл. Решение има за се ако се сака па и за фарбањето на макетите еве ти едно- Нека да стигнеме ние до фарбање после ќе ги носам јас децата во комора кај коли што се фарбаат со вентилација со филтри со сите нишани само некој да не се отруе, а фала богу вие сите дома имате комори па затоа денес сте здрави и живи.
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

Гого другар имаш ти како што ти кажав уште многу да учиш пошто не си макетар у ниедна смисла на збор и немаш искуство у овие работи(не за бизниси здруженија и слично ко што ти кажав сто пати).Едноставно немаш доволно искуство у хобиво.А ова што го збориш е само јако на мубает пошто да било така лесно изводливо ние ко прво ќе го напраевме многу пред да знаеш дека постојат макети и овакво хоби а веруем дека и ти ќе си го напраел без да не консултираш нас.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

@Драган- те молам да не дискутираме за моето искуство, твоето искуство итн истото го замолов и firefox.
Дај да се организираме и да преминеме на конкретно решавање на проблемите кои се во врска со клуб.
Моето искуство во хобиво нема апсолутна врска со чекорите кои треба да се превземат да се напраи нешто
каде луѓето како мене и слични ќе научат нешто за хобиво.
Дај да се држиме до темава да не се расправаме за моето,твоето искуство овој бил моделар,оној макетар оној знаел оној незнаел..Клуб може секој да отвори ако сака без разлика на тоа дали има или нема искуство во хобиво.
Добро е што сте вие тука бидејќи така клубот би имал тежина поради тоа што ќе го водат луѓе со искуство.
И пак те молам и тебе и firefox не дискутирајте за моите "квалитети" како човек него дајте конкретни решенија на проблемите во однос на темата. Дури сметам овој муабет меѓу мене и тебе да го стаиш како администратот у персонал порака зашто нема апсолутно врзска со темата. Како и муабетот да се чекаме во 6, препукувањата со фајрфокс исл. Ваквите муабети се непродуктивни демотивирачки и немаат никаква врска со темата-НЕ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМ-СОЗДАВААТ ПРОБЛЕМ. Те молам свати го ова.
User avatar
gogiche
Падобранец
Падобранец
Posts: 16
Joined: 08 Apr 2011, 10:30
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by gogiche »

И псоледно, Мислам дека човечки објаснив се на состанокот мислам дека во постовите на македонски јазик објаснив нир што дискутираме а што треба да дискутираме. Како нов член на форумов, како ентузијаст и почетник во хобиво мене искрено у опште не ми се свиѓа оваа атмосвера на апатија што ја ширите пошто било кој свесен, образован и запален потенцијален член на форумов со идеја за клуб коа ќе ви го прочита муабетот ќе се разочара.
Јас веќе нема да учествувам на форумов во ниедна дискусија бидејќи сметам дека има луѓе кои но нечовечки инат се држат до себе а со таков став верувајте ми нема да привлечете никој што ќе ве поддржи во иднина а камо ли некој ученик да ве трпи. Поединци се толку контрадикторни во своите ставови да стварно не знам зашто отвориле и дискутираат на оваа тема кога на прашањата од типот: Дали си ЗА да дојдеш и да офарбаш модел во просторија "Клуб" имаш одговор НЕ! и дали си да донесеш компресор, материјали било какви за почеток добиваш одговор НЕ! Епа дечки затоа функционирате како форум и нема клуб у државава- Затоа што не сте доволно отворени за да имате. (
User avatar
dragan_mig31
Тест пилот
Тест пилот
Posts: 36480
Joined: 04 Aug 2006, 14:01
Location: Југославија
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by dragan_mig31 »

Другар Гого пак не си сватил некои работи.Како што ти кажавме ја и фајерфокс слободно отвоир клуб и ние ќе плаќаме дупла чланарина и ќе ти помогнеме колку можеме.Тоа ти го иаме кажано 1000 пати али ќе те замолиме да не се мешаш и да не ни натураш твои мислења кои се исто така се граничат со опасен балкански инат за тоа како треба да се почне едно здружение/клуб и слично.Нашиот план е тој.Ако можеш подобро изволте другар и ќе те подржиме не 100% него 200% како што ти кажавме едно 200 пати до сеа.А тие муабети од прикаски за мали деца дека било кој ќе донесе компресор рецимо у клуб кој го користи дома и дека ќе го остаи тамо па ќе доаѓа да прави макети тамо нема да ти профункционира.Едно е да земам макета специјално да ја правам во клуб за да може некој да ме види што и како праам а друго е ја да макнам и да пакувам алат секој втор ден и да одам натаму наваму низ градов за да ме види некој што и како праам.Затоа ние се држиме до нашиот муабет.
♥Мuammar Muhammad Abu Minyar al-Gaddafi♥
User avatar
JufkiOrigami
Падобранец
Падобранец
Posts: 6
Joined: 16 Jul 2012, 11:51
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by JufkiOrigami »

Veke nekoe vreme se zanimavam so modeliranje na plasticni modeli i sum da receme amater vo toa so go rabotam i po srabotenite modeli i po nacinot na izrabotka i boenje itd itd! :D Toa so sakav da opitam e dali nekoj od vaka poiskusnite majstori so praat dobri modeli nekogas se nasle u situacija da go zastitat svojot model od prasina u nekoja si mini vitrina i dali ja nabavuvate ili si ja praivte sami i ako veke pravite dali mozam da vi naracam da mi napravite zatoa sto podhitno mi treba zastita na mojot brod "Potemkin" koj e prilicno dobro sklopen i oboen so edno skrseno jarbolce koe ke treba da go zalepam vo skoro vreme. :D Fala unapred pa ponatamu i ke se rasprasuvam i za modeli koi so sakav da gi kupam ama ete ne sum znael od kade a kaj so sum gleal po net sve e izgor so shipping. Pozdrav!
User avatar
seavo
Падобранец
Падобранец
Posts: 89
Joined: 06 Jan 2007, 10:57
Contact:

Re: Клуб за пластично макетарство-мала анкета

Post by seavo »

Сега налетав на ова и гледам се развил разговор.
Мое скромно мислење е дека клуб во класична смисла , со простории и слично, па опрема , па собирање и друштвено правење на макети со сладок муабет и слично...нема некоја реална иднина.
Но формирање на некаков клуб условно... виртуелен , со име презиме, значки, пачови, капи, маици и слично...што значи и правење на некаков буџет од членовите за годишна манифестација ..нешто како изложба на макети . Некој спомна две компании?? Дали тоа значи дека тие имаат некој интерес во смисол стварање пазар за макети, потрошни материјали и слично? Тоа би било супер зошто тие, т.е. нивните сопственици кои исто сигурно се ентузијасти, на овие простори никој досега од авиони, модели и слично не направил пари..би можеле и повеќе да се ангажираат на тоа. Во секој случај некаква берза на материјали и макети,понуда и побарувачка е многу битна , како и барем една годишна изложба
Во овие работи нема голема масовност, ни некој жесток интерес, но сепак тоа е еден интересен свет и активност и би сакал да го видам и овде кај нас да профункционира.
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: Google [Bot] and 4 guests