Заинтересирани за VATSIM...!!!

Дискусии околу VATSIM мрежата. Се што не ви е јасно а сакате да го дознаете.
Discussions about the VATSIM network. Everything that you don't know but you are willing to find it out.
Post Reply
User avatar
fly_macedonia
Спортски пилот
Спортски пилот
Posts: 373
Joined: 04 Aug 2006, 19:09
Location: Скопје, Р. Македонија
Contact:

Заинтересирани за VATSIM...!!!

Post by fly_macedonia »

Како што кажува и самиот наслов на темата, ова е за сите кои се помалку или повеќе заинтересирани за членство и учество во VATSIM мрежата. Без разлика дали сакате да бидете пилоти, контролори, без разлика дали имате претходно искуство на VATSIM или не знаете воопшто што треба да се прави, сакам сите да се пишат во темава за да знаеме кои сме и колку сме.

Гледам има спорадични изразувања на желби за учество во VATSIM и притоа жалење дека нема сообраќај, контрола итн. накратко, не е интересно... Јас сум член на VATSIM отприлика 4 години и моментално имам рејтинг Controller 1, што е трет рејтинг по ред што може да се добие за контролирање. Се немам приклучено на VATSIM, повеќе од една година и токму поради причината за немање други заинтересирани. А претходно имам многу преседено на контрола, впрочем и рејтингот го кажува тоа и за сето тоа време со минимален сообраќај, затоа се откажав. Мене ми е многу мило кога ќе видам еден заинтересиран, што сака да се вклучи или двајца или тројца, ама криво ми е затоа што не можам да помогнам. Мене лично не ми се исплати трошење време ако се на се сме 5 души, а и на вас верувам нема да ви се исплати, така што ако сакате да почнеме со VATSIM пак, треба да почнеме сите заедно и да бидеме најмалку 10 луѓе инаку за џабе би било.

Оваа тема ја оставам отворена отприлика 2 недели, бидејќи незнам кој и кога се логира на форумов. За 2 недели ќе ги видиме резултатите и ќе одлучиме дали и како ќе правиме нешто.

Инаку дека е интересно, многу е интересно, само да бидеме повеќе, да има сообраќај. Јас можам најмногу да ви помогнам и во контролирање, а и како имање искуство на VATSIM. Поздрав, се надевам деќа ќе биде успешен овој повик...
Зачленете се на VATSIM
User avatar
Angel Arnaudov
Спортски пилот
Спортски пилот
Posts: 323
Joined: 10 Dec 2006, 22:59
Location: Orlando, Florida
Contact:

Post by Angel Arnaudov »

mozes da smetas na mene za organiziranje na nekoj nastan. pozdrav
Flight Simulator Fan, Follow me on twitter: www.twitter.com/AngelArnaudov
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

И јас можам да ве дружам со неколку лета неделно (само кажете ми каков софтвер да инсталирам за FS9).
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
igor_mk
Капетан на B737
Капетан на B737
Posts: 454
Joined: 22 Sep 2006, 16:49
Location: Скопје - Македонија
Contact:

Post by igor_mk »

Јас сум за ! Иако малку сум подзаборавил да летам, но не е проблем брзо ке се вратам во нормала.
Kolku poveke stari idei imas tolku poveke novi ke mozes da sozdades.
User avatar
Mad Scientist
On the mike at 120.3
On the mike at 120.3
Posts: 773
Joined: 05 Oct 2006, 18:42
Contact:

Post by Mad Scientist »

Јас сум за, впрочем и сум член меѓутоа ме пишманија сите оние процедури за добивање дозвола, праќав копија од дозволата на неколку адреси и ниеднаш не добив одговор, искрено, ме нервира фактот што немаме локална „управа“.
[color=blue]No good deed remains unpunished.[/color]

Нормален текст - Пишува љубител на авијација
[b][i][color=red]Здебелен црвен и искосен текст - Пишува модератор[/b][/i][/color]
User avatar
Z3-MAK
Падобранец
Падобранец
Posts: 56
Joined: 04 May 2008, 13:19
Contact:

Post by Z3-MAK »

Идам ајде...

Впрочем и од VATEUD бараа заинтересирани за vACC, барем неколкумина, и го упатив човекот на форумов ама не одговори никој...

http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?t=3726

Би се изненадил пријатно ако се јавиме повеќе


А во меѓувреме предлагам event на LWSK под име: „Македонци на VATISM“ :D
User avatar
Red
Спортски пилот
Спортски пилот
Posts: 311
Joined: 21 Aug 2007, 17:44
Location: Прилеп

Post by Red »

Немам врска од летање во FS, а сум заинтересиран. Можеби како контролор итн... Со малце помош би можел да почнам да учам и да се вклучам.
No good deed goes unpunished.
User avatar
Tito
Падобранец
Падобранец
Posts: 87
Joined: 19 Aug 2006, 21:04
Location: Скопје,Македонија
Contact:

Post by Tito »

Јас сум заинтересиран... Малце сум заборавил, ама ќе се вратам во форма за брзо време.
User avatar
Miki
Падобранец
Падобранец
Posts: 23
Joined: 15 May 2007, 11:46
Location: Germanija
Contact:

Post by Miki »

Jas sum aktiven pilot no za zal vo posledno vreme i vo narednite 2-3 nedeli ke nemam vreme poradi ispiti na faks itn. ama od 4 april mozam aktivno da sum na vatsim i da im pomognam na novite piloti...Pozdrav
User avatar
Димитар
Падобранец
Падобранец
Posts: 33
Joined: 05 Jun 2008, 20:35
Location: Скопје
Contact:

Post by Димитар »

Јас сум ЗА. Незнам како да се приклучам на VATSIM, но се надевам некој од поискусните ќе ми објасни. Исто така може да помогнам во правење на сајт и т.н. Поздрав и се надевам што побрзо ќе се реализира оваа идеа.
User avatar
Dante
Падобранец
Падобранец
Posts: 129
Joined: 17 Nov 2012, 23:42
Location: Brussels, Belgium
Contact:

Re: Заинтересирани за VATSIM...!!!

Post by Dante »

I so bidna so vas luge? kaj otidovte? :) pak vi se zdosadi? :)
Project Officer at Clean Aviation JU
ENAC Graduate in Aeronautics and Space
For once you have tasted flight you will walk the earth with your eyes turned skywards, for there you have been and there you will long to return. --- Leo Da Vinci
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 1 guest