Воздушни перничиња во авионите

За сите оние кои не се плашат да ги извалкаат рацете и облеката.
For those who are not afraid to get messy clothes and hands.
Post Reply
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 826
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Воздушни перничиња во авионите

Post by Falcon »

Можеби некои од вас веќе знаат - за нецели 4 месеци, поточно на 27 октомври 2009, во САД на сила стапува пропис на FAA со кој сите патнички воздухоплови кои влегле во употреба во 1988 и подоцна, како и сите нови воздухоплови кои се‘ уште се произведуваат како модели хомологирани (Type Certified) пред таа година, мора да бидат опремени со нов тип на седишта.

Разликата е во тоа што овие седишта мора да издржат структурно оптоварување од 16 гравитациски забрзувања (16g) и да имаат појаси со воздушни перничиња!

Факт е дека Боинг веќе извесно време испорачува нови авиони во кои седиштата кои можат да издржат 16-кратно (наместо до сега стандардното 9-кратно) гравитациско оптоварување, а исто така факт е и дека воздушнните перничиња и до сега беа користени од страна на некои авиокомпании (Singapore Airlines, Japan Airlines, Cathay Pacific, Virgin). Но, тоа најчесто беше само кај седиштата во прва класа, а сега со новата директива ова станува задолжително за сите седишта кај сите воздухоплови на американските авиокомпании и странските авиокомпании кои летаат во САД.

EASA веќе размислува за вовдеување на слична регулатива во Европа во 2010 или 2011 година.

Еве неколку интернет линкови за оние кои сакаат да знаат повеќе:

http://www.flightglobal.com/articles/20 ... seats.html

http://www.nytimes.com/2009/06/30/busin ... lanes.html


За мене особено интересни се воздушните перничиња. Еве како изгледаат:

Image

А, еве како функционираат:

http://video.popularmechanics.com/servi ... 6391930001
User avatar
Scylla
Капетан на Concorde
Капетан на Concorde
Posts: 4913
Joined: 12 Jul 2006, 03:21
Location: Лозана
Contact:

Post by Scylla »

Доста интересно, јас ова прв пат го гледам...

Можеби во блиска иднина ќе видиме и патнички авиони опремени со падобран?
Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.
User avatar
Airbus
Капетан на SR-71 Blackbird
Капетан на SR-71 Blackbird
Posts: 5926
Joined: 02 Dec 2006, 18:07
Location: Boston, Maassachusetts
Contact:

Post by Airbus »

Scylla wrote:Доста интересно, јас ова прв пат го гледам...

Можеби во блиска иднина ќе видиме и патнички авиони опремени со падобран?
Боље би било да ги опремат со к-36 дм 8)
Image المجد للسرب ٩٦ اعتراضية
brynner

Post by brynner »

Scylla wrote:Доста интересно, јас ова прв пат го гледам...

Можеби во блиска иднина ќе видиме и патнички авиони опремени со падобран?
Еј, браво - ме потсети на една студија од пред 10-тина години. Не се сеќавам како, ама резимето ми имаше паднато в раце...

Студијата предвидуваше реконфигурирање на патничките кабини во комерцијалните воздухоплови така што би се извел систем од шини кои водат од секое седиште до emergency-излезот, за во случај на крајна нужда да можат да се исфрлат сосе патник. Се разбира, секое седиште би било опремено со падобран и сл. ... Еден тип „бочен катапулт“.

Само што, ако добро се сеќавам, симулациите и пресметките на оптоварувањата кои таквиот систем би требал да ги издржи и да им одолее во реални услови покажаа дека концептот е тешко изводлив, па дури и ја зголемува опасноста по патниците...

(Ако успеам да ја ископам од негде, ќе ја имате минута подоцна.)
User avatar
IgorMKD
Астронаут
Астронаут
Posts: 15436
Joined: 23 Nov 2006, 14:06
Location: Автокоманда, Скопје
Contact:

Re: Воздушни перничиња во авионите

Post by IgorMKD »

И наш македонски воздухоплов е опремен со воздушно перниче.
"Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati" - Ivo Andrić
User avatar
Falcon
Капетан на B747
Капетан на  B747
Posts: 826
Joined: 06 Mar 2008, 19:59
Location: Macedonia
Contact:

Re: Воздушни перничиња во авионите

Post by Falcon »

Идејава пак добива на популарност:

FAA Considering Installation Of Inflatable Lapbelts
Post Reply

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 0 guests