Како учесник на Аеромитингот морам да си дадам малку слобода и да ги искритикувам но нема да им замерам за според мене некои важни пропусти на истиот .
Домашните пилоти од аероклубовите не беа пречекани и не им се оддаде никакво внимание дека се присутни а некои како мене и неможеа да пристапат во "VIP"- одделот без VIP - картичка.
VIP-оддел ? за кого за деца ? за девојки ? за официјални гости (директори,судии,куроцицачи итн итн) ? за политичари ? за сите освен за пилотите . Ок ако е така зошто тогаш не направите и еден специјален оддел за пилоти и воздухопловни инспектори ? . Многу пилоти кои пристигнаа од другите градови со нивните воздухоплови за да го збогатат аеромитингот не беа ни споменати ни како присутни па ни презентирани нивните воздухоплови. Според мене аеромитинг претставува презентација на летала аеро забава за гледачите но и средба на пилотите и размена на на нивните искуства, но за жал сите или повеќето беа ставени настрана односно на пеколна жештина од 38с. и немавме ама баш никаква можност да се собереме на едно место и да размениме искуства и мислења што бев испровоциран до крајни граници.
Едно што најмногу ме навреди а верувам и други само ако сакаат вака јавно да пишат е дека воопшто не беа никаде ни спомнати ul воздухопловите и нивните карактеристики а ги имаше вкупно 7-8 на број.
Некои ќе речат добро не ќе гледаме исто секоја година ..точно но не треба ли барем малку да им се оддаде почит на оние кои го збогатуваат аеромитингот со вакви или онакви воздухоплови ?
Гледачите имаа можност да видат се од висококвалитетна програма но истовремено немаа никаква прилика да добијаат информации за категориите во воздухопловството , за цените на обуките , контакти доколку има некој заинтересирано како иден кандидат за обука за пилот итн итн. во спротивно гледам репортажи од странските учесници дека воздухопловството е премногу скапо дека се потребни премногу пари за обуките ...да точно е но за нивната категорија, но за обичниот човек кој нема информации за категориите има контра ефект да се побуди свеста и желба за обука . Значи ова не го зборувам напразно туку поткрепено од она што го слушав од присутните .
Ве замолувам да не ми замерувате Аеромитингот се одржа во одлични временски услови со добра организација со многу висок степен на безбедност, но за жал проследена со горенаведеното и искрено се надевам дека до година ќе има уште повеќе изненадувања и уште помали пропусти. Ова што го правите е голем залак и ви оддавам огромен РЕСПЕКТ Битолчани !!!
