
Автономијата на Санџак е се поизвесна, тврди орвиот човек на ИВЗ на Србија
Сараево, 21 април 2011 (МИА) - Главниот муфтија на Исламската заедница во Србија Муамер Зукорлиќ им порача на своите сонародници во БиХ дека борбата која тој ја води во Санџак не е попуста, дека народот ги препознал сите подметнувања на „белградскиот режим“ и дека автономијата на Санџак е се поизвесна, а самите Бошњаци се посвесни.
Тој, зборувајќи на свеченоста по повод 20-годишнината од основањето на Здружението на граѓани од Санџак во Федерацијата БиХ, истакна дека Бошњаците во Санџак се како „мали орли“ кои во своето гнездо брзо растат и тоа им станува тесно, а потоа „одлетуваат во небесната шир и заземаат места поволни за живот“, како што се БиХ и сите земји на западна Европа, Австралија и Америка.
На свеченоста се обратија членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и реис ул улема на Исламската заедница во БиХ Мустафа Цериќ.
Изетбеговиќ изјави дека во изминатите 20 години бошњачкиот народ станал важен фактор во одлучувањата на Балканот, а санџачките Бошњаци потврдиле дека во секој историски предизвик вистински ја сакале и бранеле БиХ. гт/16:01
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId= ... 1&pmId=502" onclick="window.open(this.href);return false;